Press "Enter" to skip to content

Кривична пријава против четири лица од Битола поради обид за кражба, физички напад, три каснувања од кучиња скитници

На 09.05.2023 од страна на криминалистичката полиција на СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесена е кривична пријава против три лица на взраст од 18, 23 и 22 години, и малолетник, сите од Битола, поради основи на сомнение дека на 02.05.2023 се обиделе да извршат тешка кражба во фирма во Радобор, битолско. Во извршениот службен разговор во СВР Битола, пријавените го признале во целост кривичното дело.

На 08.05.2023  во СВР Битола,  Ѓ.К. (45) од Велес пријавил дека на ул.„Стив Наумов“ во Битола  бил физички нападнат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.05.2023 во СВР Битола, А.Б. од Битола пријавил дека  во двор на средно училиште во Битола неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник. На 08.05.2023 во СВР Битола, Ф.Р.(40) од  Битола пријавил дека на ул.„Цар Самоил“ во Битола неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник. На 08.005.2023 во СВР Битола, Ф.Б.(67)  од Битола пријавил дека во населба Карпош во Битола бил каснат од куче скитник.