Press "Enter" to skip to content

ЈКП “Водовод“, “Комуналец” и “Нискоградба“ отворија нов наплатен центар во новиот пазар во Битола

ЈКП “Водовод – Битола”, заедно со јавните комунални претпријатија “Комуналец“ и “Нискоградба“ денеска отвораат втор наплатен центар за граѓаните од општина Битола.Во наплатниот центар граѓаните ќе можат да ги плаќаат своите сметки за вода, сметките за Нискоградба и комуналните сметки без провизија, и благовремено ќе можат да бидат информирани за состојбата на своите комунални сметки и услуги.Исто така, во новиот наплатен центар во “Нов пазар“ граѓаните ќе можат да бидат информирани за сите поволности на своите услуги кои ги нудат трите комуналните претпријатија, како одложено плаќање, плаќање без провизија, пријавување на дефекти како и други услуги кои ќе можат да ги добијат во наплатниот центар.

More from ВестиMore posts in Вести »