Денес, недела, 14 мај, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 17 степени.
Утре, понеделник, 15 мај, во Битола, времето ќе биде променливо облачно и потопло со повремени врнежи од дожд, попладне со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 21 степени.