Press "Enter" to skip to content

Првата награда на првиот Хакатон на ФИКТ-Битола ја освои Златко Марковски за “Паметни паркинзи“ (фото)

Викендов на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола (ФИКТ) се одржа првиот Хакатон – натпревар за програмирање на тема “Здрава околина“ на кој своите програмерски знаења ги покажаа 20-тина учесници поделени во неколку тимови.На отворањето присутните ги поздрави проректорката на Универзитетот “Св. Климент Охридски” – Битола проф. д-р Јасмина Буневска – Талевска, деканот на ФИКТ проф. д-р Благој Ристевски и продеканката за наука и соработка проф. д-р Костандина Вељановска која беше одговорна за спроведувањето на настанот.Оценувањето на проектите го извршија покрај професори од ФИКТ и претставници на компаниите од ИТ индустријата.“Cosmic Development“, “Seavus“, “IW Connect“, “Netcetera“, и “iSource“, кои несебично го поддржаа овој настан обезбедувајќи богати награди за победниците во форма на подароци и ваучери за вредни обуки во нивните центри за едукција.Првата награда ја освои Златко Марковски за проект “Паметни паркинзи“.Втората награда ја освои тим составен од четворица студенти: Андреј Стевановски, Димитар Велјановски, Петар Ралевски и Давор Николоски, а третата награда ја освои Стефан Најдовски.Исто така, беше доделена награда за најоригинална идеја за тимот составен од пет студенти кој во својот проект за веб страна со иновативни идеи поврзани со темата на Хакатонот креира едукативна игра за “Здрава околина“.Ваквите натпревари имаат за цел да ги поттикнат студентите за нивно целосно ангажирање во нивното образовно усовршување како идни квалитетни кадри во ИТ индустријата.