Press "Enter" to skip to content

Златен, сребрен и бронзен медал за кик-боксерите на Енерџи на “Сараево опен“

Деновиве се одржа европскиот куп “Сараево опен“ на кој кик бикс клубот Енерџи од Битола во рамкина кикбокс и маитаи федерацијата на Македонија зеде учество со тројца  натпреварувачи.

Марија Димовска настапи како помлад јуниор во дисциплина лоучил на ринг во категорија над 60 кг, Михаил Ситковски како јуниор во дисциплина киклајт на татами во категорија под 63 кг и Бојан Ристевски како јуниор во дисциплина киклајт на татами во категорија под 84 кг.

Марија Димовска со две убедливи победи во полуфинале и финале го освои европскиот куп кој воедно е и втор по ред за неа, а претходно го освои и европскиот куп Србија опен во Белград.И другите двајва млади битолчани имаа добри борби. Ситковски со една победа во полуфинале и пораз во финале освои сребрен медал. Ристевски со пораз во полуфинале освои бронзен медал. 

-Јас како тренер сум задоволен од приказаното од сите борци иако секогаш нели може и подобро. Наредна наша цел е светскиот куп Унгарија опен во Будимпешта кој воедно е и најстариот и најпрестижниот куп во ВАКО светската федерација и важи за неофицијално светско првенство. Таму ќе настапи Димовска, но секако пред тоа ни престојат мини подготовки и брусење на формата пред репрезентативните настапи на балканското првенств и пред се европското јуниорско првенство во Турција.
More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »