Ученичката Сара Ѓоргиевска од Битола која ја претставуваше библиотека “Св. Климент Охридски“ од Битола го освои трето место на 22. Републички натпревар “Млади Библиотекари“.
Библиотекарката м-р Гордана Ѓоргиевска – Неделковски беше дел од комисијата за избор на натпреварот “Млади библиотекари“.Домаќин на 22. Републички натпревар “Млади Библиотекари“ во ЈОУ Библиотека “Искра“ – Кочани во организација на Библиотекарското здружение на Македонија и ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани.
На натпреварот учество зедоа победниците од Општинските натпревари од сите општини од Македонија, придружувани од страна на нивните ментори и претставници од библиотеките.