Press "Enter" to skip to content

Во Битола претежно сончево со мала до умерена облачност

Денес, петок, 19 мај, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Температурата во Битола до 21 степен.

Утре, сабота, 20 мај, во Битола, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност која попладне ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 24 степени.