Press "Enter" to skip to content

Во Магазата, во Битола, отворена изложбата, Корча “Во наследство“, на Спартак Касули (фотогалерија)

По вчерашната изложба “Градски костими“ во Глабочани, општина Пустец, Албанија во музејот на Стерју Спасе, во рамките на проектот “Smart4You2“ денес во Битола, во Магазата се отвори ликовна изложба насловена Корча – „Во наследство“, чиј автор е уметникот Спартак Касули.Мери Стојановска, директор на Заводот и Музеј од Битола за изложбата рече:-На самите цртежи можете да погледнете и од нив да заклучите дека имаме огромна регионална поврзаност како резултат на богатата културна слоевитост која што е присутна не само на територијата на Корча, туку и пошироко. Оваа изложба е во рамките на проектот “Smart4You2“ во рамките на ИПА програмата за прекугранична соработка на Макед0нија и Албанија за која имаме многу да зборуваме, но за тоа ќе зборува Ана Секуловска Јовковска, проектен-менаџер на проектот “Smart4You2“. Ана Секуловска Јовковска на отворањето рече:-Овој настан, оваа изложба е еден од многуте кои ќе се реализираат во рамките на проектот “Smart4You2“. Проектот е замислен како една приказна која што реално ќе ја обработува, и ја обработува, приказната на прекугранична соработка. Тоа би значело дека правиме поврзаност на регионите на Македонија и Албанија, Пелагонискиот регион и регионот на Корча, во кој што заеднички ќе ги споделуваме културните богатства, вредностите кои ги имаме и ќе правиме спојување на регионите и заеднички ќе правиме промоција на културното богатство и туризмот. Аманда Чичи, директорка на Директоратот за културно наследство-Корча, во битолскиот културен центар „Магаза“ ја промовира ликовна изложба Спартак Касули за која рече дека е одлична изложба и дека овие графики се прв пат се промовирани во Косово, во градот Призрен, а сега и во Битола.-На изложбата доминираат ликовни цртежи, графики кои сведочат за културата, традицијата и заедништвото меѓу двете држави. Авторот Касули за публиката нуди различни, куќи, цркви, мостови кои како некогаш, така и денес постојат во овој регион, рече меѓудругото Аманда Чичи, која нагласи дека се надева дека проектот ќе биде успешен за партнерите од двете земји.

More from КултураMore posts in Култура »