Press "Enter" to skip to content

“Речи му не на пушењето“ работилница во “Коле Канински“ – пренесени австралиски искуства (фотогалерија)

Денес во основното училиште “Коле Канински“ од Битола, во рамките на одбележувањето на патронот на училиштето, се одржа работилница насловена “Речи му не на пушењето“.На работниот состанок присуствуваше и заменик амбасадорот на Австралија во Амбасадата во Белград, Филип Андерсон, градоначалникот на Општина Битола – Тони Коњановски и директори од основните и средните училишта од градот.На работилницата беа сподели искуствата на својата земја во борбата против пушењето кои беа применети во Австралија, а за тоа заменик амбасадорот Андерсон рече:-Станува збор за едукативен проект “Речи му не на пушењето“  со тоа што Австралија како држава во 50-те и 60-те години имаше многу висока стапка на луѓе коишто пушеа. Сега за разлика од порано ситуацијата каква била денес во 2023 можеме да се пофалиме со многу ниска стапка на пушачи во нашата земја. Овој проект беше наменет, и е наменет за дечињата односно едукативната компонента ни е исто така многу важна исто така и општествената.Градоначалникот Тони Коњановски, се обрати на присутните, пред се како рече, како лекар и рече:-Неговата екселенција ги сподели неговите искуства како земја која што од одамна ги надминала проблемите со пушењето. Ние можеме да се вклучиме што поактивно и тоа почнувајќи од семејството од едукацијата. Тука значајни се и просветните работници и училиштата во еден ваков проект кој ќе каже не на пушењето. Порок кој како што знаеме сите и од медицински аспект и од социјален аспект ги надминува рамките на едно однесување кое што треба веќе да е зад нас. Младите треба да го следат примерот на она што ние како локална самоуправа ги поддржуваме овие проекти, меѓутоа образованието има клучно влијание. Големо е значењето и поддршката која ја имаме од Австралија како земја која дала добар пример за тоа како го решава, каде е срам и на улица да се пуши. Се надевам дека младите искрено ќе стекнат поуки од ова, а ние сме тука да ја поддржеме оваа активност и уште многу  други.На работилницата присуствуваа и директорите на повеќето училиштата од градот, а директорката на ОУ “Коле Канински“, Дијана Христовска рече:-Мило ми е што заменик амбасадорот на Австралија – Филип Андерсон, градоначалникот на Општина Битола – Тони Коњановски се тука со нас да не поддржат за овој работен состанок каде се присутни и директорите на училиштата од Битола кои се вклучени во овој проект. Се одржа и работилница во рамките на проектот “Речи му не на пушењето”, кој е финансиран од ДАП програмата на Австралиската Амбасада за Србија, Северна Македонија и Црна Гора, а го реализира невладината организација Ектер од Битола и одделенскиот наставник Весела Весе Богдановик и д-р Виктор Стојовски.