Во рамки на одбележување на 22 мај светскиот ден на биолошката разновидност, директорот на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола м-р Бојан Стефановски потпиша меморандум за соработка со директорката Елена Мирчевска од ОЈУ Зоолошка градина – Битола.
Целта на меморандумот е заемна размена на информации, знаења и искуства од областите на образованието, културата и билошката разновидност учество, соработка и реализација на заеднички проекти, одбележување на значајни настани преку организирање на работилници, предавања, трибини, промоции и сл., работилници за едукација на животни, читање на приказни со тема за животни и многу други активности поврзани со читање на книги и животни.
Во скоро време следува нова активност – во која сите наши читатели ќе уживаат со книги во ЗОО Битола.