По завршувањето на пролетната серија работилници од проектот “УКЛО – Неформално учење“ на студентите, учесници во проектот, им се доделија пофалници за нивното активно ангажирање на серијата работилници и обуки организирани од Универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ – Битола.Пофалниците им ги врачи проректорката за студентски работи на УКЛО, проф. д-р Јасмина Буневска – Талевска, која истакна дека проектот започна по барање на студентите кои учествуваа на Универзитетската студентска конференција, а во текот на неговото одржување се покажа дека целта се постигнала.
Студентите преку работилниците и обуките се стекнаа со знаења за подобрување на нивните меки вештини кои ќе им помогнат во нивната вработливост и идната професионална кариера.
Во рамките на проектот ,,УКЛО неформално учење“ на студентите им беа понудени два пакета обуки и работилници.
Првиот беше ,,Поттикнување на креативност, иновативност, и мотивирачко опкружување за учење“ и вториот ,,Поттикнување на современ истражувачки и содавачки пристап и знаење“.
Настанот се одржа во Студентскиот информативен центар на УКЛО.

Врачени пофалници на студентите учесници во проектот “УКЛО неформално учење“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Општина Битола дел од проектот “Одржливо управување со отпадот на локално ниво“
- Националната опера и балет гостува во Битола со балетот “Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев во Центар за култура
- Оддадена почит на загинатите бранители од Битола и Новаци кај Гајре
- Менде Граматковски, директор на “Стрежево“ Битола: започна новата сезона за наводнување на земјоделските површини (фото)
- Фото вест: започнаа подготвителните работи за изградба на кружниот тек кај “Ветеринарна“