Press "Enter" to skip to content

Изложба “Портрети низ Горната“, секоја слика раскажува приказна раскажана низ објективот на ученичката Дамијана Ристевска (фотогалерија)

Велат „Една фотографија, многу зборови“. Низ фотографиите од изложбата насловена „Портрети низ Горната“на ученичката Дамијана Ристевска од Гимназија „Јосип Броз Тито“ во Битола, секоја слика раскажува приказна.  Кога ги набљудувате  може да ја почуствувате енергијата, младешката енергија низ дружењето, учењето, први љубови… Потоа  односите со професорите, меѓу учениците во гимназијата. Или  го чувствувате пулсирањето на социјалниот живот низ Горната гимназија. Сите фотографии будат различни емоции  кои не можат да се опишат со зборови, но фотографиите кажуваат многу повеќе од зборови.Во рамки на свечената прослава на патронатот во фоајето на „Домот на културата“ беше отворена изложбата „Портрети низ Горната“ на ученичката Дамијана Ристевска од втора година под менторство на професорот по ликовна уметност Александар Поповски.

Модераторот Емилија Ристевска Стефановска професор по музичка уметност ја најави изложбата со зборовите „Следејќи ги  современи текови во уметноста на фотографија, оваа изложба ги доловуваа сите моменти на дружење, комуникација,учење, љубов… во нашата гимназија. Во чест на патрониот празник токму пред почетокот на свечената приредба, сите ќе можат да ги разгледаат  фотографиите„Портрети низ Горната“. Потоа ја повика директорката да ја отвори изложбата.Менторот Александар Поповски наставник по ликовна уметност и ментор на ученичката Дамијана Ристевска за изложбата фотографии „Гимназијата низ мојот објектив“ кажа:-Втора по ред изложба на Дамијана Ристевска ученичка во втора година. Минатата година кога започна да учи во  прва година разбрав дека се занимава со фотографија. Дојдовме на идеја да направиме изложба во чест на патрониот празник минатата година. беше изложена во дворот на гимназијата, а  насловена „Гимназијата низ објективот на ученичката Дамијана Ристевска“  Таа изложба беше насочена кон самиот објект и околу него со сите карактеристики и специфичност. Низ нејзиот онбјектив тие се  доловија многу реалистично. Оваа година се подразбираше некако дека треба да продолжиме во таа насока и втора по ред изложба на фотографии. Потоа додаде:На моја идеја која Дамијана ја прифати одлучивме на овие фотографии да ги има оние кои ја носат енергијата, тука, учениците, професорите, друг кадар…  Односно да се забележи социјалниот живот во гимназијата, или се она што се случува низ ходници, училници, библиотека… Гледајќи ги фотографиите можете да ја  почуствувате климата владее и она што се случува тука. Дамијана го има оној уметнички „сенс“ и перцепција  да забележи и долови и најмали детали. Низ нејзините фотогрфафии Гимназијата добива сосема друга димензија. Ова е нејзина втора успешна изложба и  посакувам уште многу фотографии и изложби во иднина.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »