Press "Enter" to skip to content

Генерацијата 2004/05 поздравена од Битола пред шампионската промоција на годинашниот шампион (фотогалерија)

Синоќа во Битола, во спортската сала “Боро Чурлевски“ пред официјалната промоција на шампионот на Македонија за оваа сезона Еурофарм Пелистер, 4.000 битолчани имаа прилика повизраснире да се потсетат на екипата која беше првак во сезоната 2004/2005 година, а воедно да ги видат ракометарите и тренерите кои ја донесоа титулата пред 18 година.

Еурофарм Пелистер ја покани комплетната генерација која беше шампион во сезоната 2004/05, последна шампионска генерација до оваа сезонава, а шампионската екипа на паркетот во Битола ја поведе, кој ако не друг, туку Пепи Манасков, до него беше Златко Велјановски – Коко, еден од најмладите во таа екипа, а тука беше и тогашниот капитен Игор Николовски – Ќани.Во таа шампионска сезона тренер беше, сегашниот Ѕвонко Шундовски, негов  асистент Михајло Силјанов, а во тимот беа и неговиот колега сега на клупата во Битола Александар Јовиќ.Пред битолчани продефилираа уште  Бранко Ангеловски, Игор Николоски – Ќани, Стевче Алушовски, Кире Поповски, Александар Зарков, Ванчо Димовски.Во таа генеации ушре играа Спировски, Тоскоски, Ангелов,  Маљцев, Петровски, браќата Мојсовски, Митевски,  Димитровски…На крај на “старата“ шампионска колона беше тогашниот претседател на клубот Пелистер, Спире Мавровски.Тогаш во финалето на плеј-офот оваа супер-екипа лесно го победи металург со 2:0 во серијата.

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »