Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер со завршна свеченост ја заврши годинашната сезона и најави нова, поуспешна во Лига на шампионите (фотогалерија)

-Синоќа во Битола претседателот Зоран Стерјев се заблагодари на сите и ја најави новата сезона, Битола еден од 16 градови каде ќе се игра Лига на шампиони.

-Со доделување на подароци Еурофарм Пелистер се раздели со ракометарите кои на крајот од оваа сезона го напуштаат клубот.

-Манифестацијата заврши со шампањ, шампионска песна и фотографија за спомен на незаборавната година.Шампионот на Македонија за оваа сезоната рекометниот клуб Еурофарм Пелистер со завршна манифестација во “Голд Фелициа“ во Битола ја одржа последната активност за сезоната 2022/23. На гала церемонија наменета за пријателите на клубот, акционерите и спонзорите и припадниците на седмата сила, беше направена ретроспектива на сезоната.На свеченоста зборуваа претседателот Зоран Стерјев, спортскиот директот Димитар Митревски и претставници на стручниот штаб на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2.Претседателот на Еурофарм Пелистер, Зоран Стерјев рече:-Сега откако претходно, на старот на сезоната, токму тука, ги поставивме целите  таргетите за сезоната која е зад нас, а сега можеме да зборуваме за тоа како тоа го сработивме. јас  можеби сега сум на кормилото на овој брод, но овој брод не може да плови онака како што плови доколку сите овде  не сме заедно и секој не го даде својот придонес за да ги оставриме сите испеси кои ги направивме. Затоа сакам да им се заблагодарам на играчите на двете екипи, на стручниот штаб, на управата за темелната работа во изминатите месеци. Имавме успешна но мачна сезона, си посакавме здравје на стартот, но здравјето не не служеше најдобро. Без исклучок големо благодарам на спонзорите без да ги споменувам сега.Стерјев се осврна и на пласманот во Лигата на шампиони и рече:

-Сега се отвораат нови предизвици на кои треба соодветно да одговориме, бидејчи Битола ќе биде еден од 16 градови каде ќе се игра Лига на шампиони. Таа прилика, тој предизвик не би смееле да го испуштиме и колку ќе се покажеме подобро толку ќе го визираме пасошот за наредните години во семејството на шампиони, да играме со најдобрите европски, а бидејќи ракометот е игра која што доминира во Европа, и со најголемите светски екипи. Предизвикот е пред нас и ние сме подговени за предизвиците и нормално сакам да упатам повик до спонзорите и други компании да се приклучат и заедно да дојдеме до зацртраните цели, за кои ќе зборуваме на крајот од летото кога ќе ја промовираме новата екипа. Стерјев за изминатата сезона додаде:-Целта беше да одиме на “дупла круна“ за шал изгубивме во финале во Купот, меѓутоа по 18 години вративме нешто што е многу повредно и сигурно најважно, Еурофарм Пелистер е шампион на Македонија во ракомет за 2022/23 година. И тоа е несомнено е заслуга на сите нас овде. Скам да ветам дека ќе направиме многу нови нешта и дека ќе продолжиме да работиме на истиот начин со истиот фокус и истата темелност се со цел овој преоден трофеј да биде трофеј кој многу долго ќе го чуваме во Битола. Стерјев се задржа и Еурофарм Пелистер 2 кој додаде:-Покрај успесите кои се валоризирано со трофеј, а се однесуваат на тимот на Еурофарм Пелистер, едниот клуб, исто значање има тоа што го постигнуваат нашите играчи од Еурофарм Пелистер 2. Тие повторно стигнаа до плеј-оф каде што имаа забележителна улога, а тоа беше и зацртана цел за таа цел ги постигнаа.Во новото домашно и меѓународно натпреварување, боите на битолчани нема да ги бранат Гоце Ојлески, Милорад Кукоски, Мартин Велковски, Себастијан Хенеберг, Мохамед Суси, Усама Хосни и Бојан Маџовски.Од Еурофарм Пелистер 2 си заминуваат Никола Стоилевски и Мартин Ивановски.Според востановената традиција, јавна благодарност за придонесот во клубот и успех во понатамошната кариера на ракометарите што заминуваат од Битола им посака претседателот на РК Еурофарм Пелистер, Зоран Стерјев и спортските директори на двата клуба Димитар Митревски и Горан Петровски.

С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »