МЗТ Скопје – Пелистер 84:64 (1:0)
Во сенка на ракометните случувања во Битола започнаа финалните натпревари за шампионската титула во Македонија, помеѓу актуелниот бранител на титулата, МЗТ Скопје Аеродром и предизвикувачот, екипата на Пелистер. МЗТ Скопје со убедлива победа над Пелистер ја започна финалната серија.
“Пелистерци“ имаа сила да се носат со фаворитот само десет минути, а кошаркарите на Пелистер по прва четвртина имаа резултатот 18: 18, а потоа почна падот. Рамноправна игра имаше само до средината на втората четвртина, кога за првпат се стекнаа со едноцифрено водство 31:21. Сето останато, иако за доигрување имаше уште долго, долги 25.минути се претвори во едно рутинско одработување на задачите за актуелниот првак.
“Пелистерци“ и не можеа да очекуваат нешто повеќе во вака важни натпревари. Без „вистинскиот“ Хаџифејзовиќ, поентерски „нерасположениот“ Карутерс, тоа е видливо, и тоа како во играта на битолчани. До истекот на полувреметот, МЗТ Скопје изгради и повисоки (39:23), но до истекот на полувремето таа разлика беше нешто помала, (41:29). Високиот плус остана и до полувремето, 41:29. По паузата, кошаркарите на Пелистер пак одиграа конкурентна четвртина, ама не успеаја да ја намалат негативата затоа што МЗТ важи за доволно искусен тим за да испушти таква ситуација (61:49). Последните десет минути беа пак во знакот на МЗТ, а сето тоа за нивна прва победа.
Најдобри стрелец кај “пелистерци“, Бобан Стајиќ и Кевин Карпентер имаа по 16 поени, а Андреј Маслинко постигна 12 поени.
Вториот натпревар од финалната серија исто така се игра во Скопје, а закажан е во среда.