Press "Enter" to skip to content

Презентација на Нацрт верзијата на Стратегијата за локален економски развој на општина Битола

Денес, во општина Битола се одржа презентација на Нацрт верзијата на Стратегијата за локален економски развој на општина Битола, за периодот 2023 -2027 година, која општината ја работеше во изминатиот период со техничка поддршка од проектот на УСАИД „Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите“. На денешниот настан присуствуваа претставници од институциите кои учествуваа во изработката на Стратегијата, претставници од бизнис секторот, Регионалната стопанска комора, дел од советниците од општинскиот совет и невладиниот сектор.

Процесот на изработка, беше воден од градоначалникот преку назначените лица, заедно со Локалниот економско социјален совет и вклучување на раководителите во општината, при што воспоставена е соработка со Универзитетот, Агенцијата за вработување, Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, Невладиниот сектор, Регионалната стопанска комора, согледани се можностите за финансирање и законската регулатива и секако во центарот на вниманието е ставен бизнис секторот.

Фокусот на оваа стратегија е да овозможи поголема вклученост на бизнис секторот во создавањето на општинските стратегии, како и развојот на приватниот сектор, за да се зголеми растот, развојот и вработеноста.

Покрај добиените податоци од релевантни институции, спроведена е анкета со бизнис секторот и граѓаните. Врз основа на сите тие елементи извршена е СВОТ анализа и идентификувани се силни, слаби страни, можности и закани, за потоа да биде одредена визијата, стратешките цели, акцискиот план, шемата за финансирање и релевантните индикатори за мониторинг.Врз основа на тоа, дефинирана е следната визија на Стратегијата на општина Битола:

Економски силна општина, со поволна бизнис клима и оптимални инвестициски можности, атрактивна културно – туристичка дестинација, општина со имплементирани зелени и енергетски ефикасни решенија и развиена инфраструктура.

На следниот линк, можете да ја најдете Нацрт верзијата на Стратегијата за локален економски развој за периодот 2023-2027 година.

https://docs.google.com/document/d/1fk5eLkYs0sL_3X7LDlkvJOVncRZcwxbi/edit?usp=sharing&ouid=113285110416840475912&rtpof=true&sd=true

Сите ваши сугестии и мислења, може да ги доставите на следната мејл адреса  lokalensovet@gmail.com, најдоцна до 05.06.2023 година.

More from ВестиMore posts in Вести »