Press "Enter" to skip to content

Трибината на СДСМ во Битола на тема “Резултати што прават разлика“ (фото)

Во рамките на трибината на тема „Градиме инфраструктура за иднината“ во организација на Комисијата за транспорт и врски на СДСМ, што се одржа вчера во Битола, пред присутните се обрати заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска во обраќањето на денешната трибина „Резултати што прават разлика“ кусо се осврна и на успесите на СДСМ во изминатите години во делот на инфраструктурата.

-Изградивме и обновивме преку 1.400 километри патишта. Над 69 километри автопатски делници се направени. Во тек е изградба на 190 километри автопати, на 50 километри експресни патишта и 450 километри локални патишта низ општините. Гасоводи направивме од над 270 километри. Изградени се над 860 социјални станови за ранливи семејства. Тоа се резултати што прават разлика, тоа е суштината и на овој слоган, градиме за иднината. Конечно, со усвојувањето на законските измени, се отвори патот за побрза и поевтина изградба на автопатските делници од коридорите 8 и 10Д, најголемиот стратешки и инфраструктурен проект во земјава. Реализацијата на овој стратешки проект, каде е предвидено да се вклучат домашни компании, значи нови 8.000 работни места, нови инвестиции од 1,3 милијарди евра и номинален раст на БДП за 2% годишно во наредните пет години. Членот на Централниот одбор на СДСМ, Благој Бочварски посочи дека преку изградбата на коридорот 10 Д конечно се стави крај на дилемите кој и кога ќе го гради автопатот кон Битола.

-Драго ми е што оваа трибина се одржува во Битола и што токму од овде можам да кажам дека ние го затворивме ветувањето на сите партии досега што се однесува за овој дел од државата. Конечно, започна да се гради автопат Битола – Прилеп. Тој автопат започна да го гради СДСМ и следната влада на СДСМ во следниот мандат ќе го заврши овој автопат. За разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ, во 2014 кога износот на капитални проекти бил 286 милиони евра, минатата година СДСМ реализираше реализираше капитални проекти во износ од 465 милиони евра и најави дека тој износ за оваа година ќе биде уште поголем.

Поранешниот министер Горан Сугарески истакна дека го СДСМ ја презеде власта, наследи целосна катастрофа во инфраструктурата, згрешени проекти за автопати и никаков план за натамошен развој.На трибината сзборуваа и Андреја Серафимовски од Здружението на градежништвото при СКМ, Гордана Кожуваровска од Републичкиот совет за безбедност на патиштата, директорот на АДССДП Зоран Ѓоргијев и проф. д-р Јасминка Буневска Талевска од Универзитетот Св. Климент Охридски Битола.

Гордана Кожуваровска од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, се осврна на работата на советот, кој постои повеќе од 60 години и на бројните капмањи што ги спроведува за зголемување на безедбоста на сите учесници во сообраќајот, особено на децата. Нема цена за ни еден човечки живот, затоа го поддржувам и се надевам дека успешно ќе заврши овој проект што е започнат, за инфраструктурните проекти, за изградба на коридорите, истакна Кожуваровска од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Директорот на акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор (АДССДП) Зоран Ѓоргијев, пред учесниците на трибината, нагласи дека АДССДП може да се пофали со огромни, реални видливи, суштински резултати, што прават разлика. Со одговорен пристап и решителност имаме 1000 семејста од ранливите категории, на кои државата им го решила проблемот за обезбедување на живеалиште, рече Ѓоргијев, додавајќи дека речиси е готов најголемиот проект за изградба на 312 станови во Бутел, во Велес е изградена зграда со станови за 29 семејства, во Кочани во завршна фаза е зграда за 35 семејства, во Неготино зграда од 62 станбени единици, во Дебар 46 станбени единици, започна изградбата на втора социјална зграда во Сарај со 58 станови, почната е изградбата на социјална зграда во Пехчево со 34 станови, во Штип со 40, во Прилеп 70, целосно е изградена социјална зграда во Гевгелија со 52 станбени единици, во Демир Капија со 16 станови, во Виница 36 станбени единици, во Свети Николе 48 социјални станови и во Пробиштип 48 станбени единици.

Проф.д-р Јасминка Буневска Талевска, проректор на универзитетот Св. Климент Охридски во Битола, како претставник на академската фела ја поздрави реализацијата на вакви капитални и стратешки проекти и изрази надеж за нивна брза реализација. Ваквите стратешки проекти значат мобилност, поголем проток на стоки, бидејќи инфраструктурата е крвоткот е нашата земја, и обезбедува побрз регионален развој, развој на трузмот, земјоделието, образвоанието, претставува начин да ги задржиме младите и да ја намалиме и внатрешната и надворешната миграција, истакна Буневска Талевска, додавајќи дека ако се обединат заедно сите чинители и ја реализиаат националната транспортна стратегија, многу побрзо ќе се постигне територијална кохезија на нашата земја во ЕУ, а многу побрзо и влез во ЕУ, посочувајќи ја Полска како пример.

More from ВестиMore posts in Вести »