“Mitrev Diagnostic Bitola“ како поддршка на Европската кампања за зголемување на свесноста за меланома – карцином на кожа спроведе бесплатни дермоскопски прегледи.
Прегледите ги спроведе дерматолог д-р Анџелка Илиева.Покрај прегледите пациентите беа советувани како правилно да се грижат за здравјето на кожата.
Клиничката болница “Жан Митрев“ и “Жан Митрев Дијагностик“ секоја година традиционално со бесплатни прегледи и советување на граѓаните ја поддржува Европската кампања за подигање на свеста за рано откривање на карцином на кожа.