Press "Enter" to skip to content

Младите креативци од Битола на платото пред Офицерски дом (фото)

“Млада креативна Битола“ настан со голем број учесници – млади креативци со своите ментори од сите основни и средни училишта.  Најдобрите  литературни, музички и ликовни дела на платото пред Офицерски дом.  Музичко – танчерски изведби на нумери од култниот мјузикл „Брилјантин“  Во ретро стил и костими во улоги на  Sendi, Deni Zuko, Pink ladies, T-Birds во изведба на  учениците од ОУ„ Св. Кирил и Методиј“Битола Во „Flesh mob стил на средношколците од СООУ „Јосип Броз Тито“

Завршната приредба на манифестацијата „Млада креативна Битола“ се одржа на 30 јуни на платото  пред Офицерскиот дом во Битола, на која учествуваа  најдобрите млади креативци со своите литературни, музички и ликовни дела.Директорката на КИЦ, Лили Бошевска ги поздрави присутните наставници, професори, ученици  од сите основни и средни училишта во Битола.-Мило ми е што можам сите да Ве поздравам денес овде на платото пред Офицерски. Денес ќе имате можност да ја проследите завршната приредба на која ќе се претстават учениците подготвени од своите ментори со  кратки презентации на литературните, музичките и ликовните дела, кои произлегоа од заедничката креативност на учениците од сите училишта. Денес ќе ги доделиме сретификатите и благодарници на училиштата и менторите кои учествуваа во проектите на „Млада креативна Битола“.Потоа во кристалната сала на КИЦ беше поставена изложбата со уметнички цретжи. Изложбата  ќе остане и понатаму за сите кои се заинтересирани да ја погледнат.Потоа следуваше завршната приредба со различни точки. Интересен музичко – танчерски перфпорманс имаа  учениците од ОУ  „Св. Кирил и Методиј “ на нумерите од култниот мјузикл „Брилјантин“ „You’re the one that I want“ и „We go together“. Средношколците од  СООУ „Ј.Б.Т.“ во „Flashmob“ стил и музичко-танчерска изведба од филмот „Брилијантин“ го затворија настанот  „Млада Креативна Битола“.После приредбата која ја проследија и родители директорката Бошевска ги додели сертификатите и благодарници за учество на сите кои се заложија Битола да има еден ваков креативен настан.Следуваше заедничкото фотографирање на сите учесници на настанот со мотивација да се продолжи со други настани во кој ќе се промовираат младите креативци.

Жанета Ристевска  

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »