Press "Enter" to skip to content

Состанок на Централниот одбор на ПОДЕМ

Партијата на обединети демократи на Македонија одржа состанок на Централниот одбор кој е највисоко партиско тело помеѓу два партиски конгреси на кој донесе организациони и програмски одлуки важни за успешно реализирање на партискатата програма за политичката 2023/24 година.

Членовите на Централниот одбор извршија избор на нов Извршен одбор на партијата, како и избор на нов потпретседател на партијата а беа избрани и два нови партиски потсекретари. Истовремено, Централниот одбор го избра и новиот состав на Советот на интелектуалци, главното советодавно тело на партијата состевено од еминентни универзитетски професори и претприемачи.Конечно, во рамки на плодната дискусија на членовите на Централниот одбор, ПОДЕМ усвои два начелни ставови за актуелни политички прашања. Имено, ПОДЕМ одлучно се спротиставува на актуелниот процес на уставни измени и го повикува Собранието да гласа за негово одбивање доколку не се обезбеди реципроцитет од бугарска страна.

ПОДЕМ исто така го реафирмира својот долгогодишен став за измена на изборниот модел за избор на пратеници во Собранието и за воспоставување на поправедниот модел на една изборна единица без изборен праг и го повикува Собранието што е можно поскоро да ја стави оваа точка на дневен ред со што конечно секој гласач ќе добие валоризација на својот глас. Во оваа насока ПОДЕМ инсистира на предвремени парламентарни избори како единствен излез од актуелната криза.

Централниот одбор е највисоко партиско тело помеѓу два партиски конгреси и е составено од претставници на сите општински организации на партијата од сите шест изборни единици.

More from ВестиMore posts in Вести »