Синоќа во Битола во Офицерскиот дом во Битола беше одбележан Денот на државноста на Република Хрватска, кој ги организираше хрватскиот културен центар “Бранко Марулиќ“ од Битола, кој редовно по разни поводи организира вакви средби на кои се промовира хрватската култура во Битола.На ова одбележување присуствуваше амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ, членови на хрватскиот културен центар “Бранко Марулиќ“, Хрвати кои живеат во Битола, љубители на хрватската култура и други битолчани.
Во име на домаќинот, хрватскиот културен центар “Бранко Марулиќ“, на гостите им се обрати координаторот на центарот Бранко Маретиќ, која рече дека и оваа година во Битола се прославуваат Денот на државноста, на ден кој е многу значаен за Хрватска и Хрватите, без разлика каде се наоѓаат.
-Посебно ми е задоволство што оваа година го организраме ова дружење, заедно со институциите кои се наши пријатели. Сакам да ја поздравам амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ, која е со нас и дел од дипломатскиот кор, како и гостите од Сињ и Сплит, членот од Владата на Хрватска. Денот на државноста на Хрватска е значаен датум, а секако значаем датум е денот кога Хрватска станува член на Европската Унија. Се надевам дека ќе продолжиме со вакви средби но и со нови, со реализација на новите проекти помеѓу двете држави, рече Бранко Маретиќ.
Амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ ги поздрави присутните и рече:
-Посебно ми е задоволство што и оваа година сум тука со вас, во Битола, на традиционалното одбележување на Денот на државноста на Република Хрватска, а пред два дена тоа го направивме во Скопје, во организација на Амбасадата на Хрватска. Ме радува тоа што и нашите организации, посебно оваа во Битола го празнуваат овој ден и други важни датуми од хрватската историја. Посебно ме радува што вечерва во Битола ги поканивте и ќе во претстават нашите гости од Хрватска, а посебно шт ги поканивте уметниците од Сињ, во чии настапи ќе уживаме.
Одбележувањето на Денот на државноста во Битола, во годината кога и Република Хрватска одбележува по повод меѓународното признавање и воспоставување дипломатски односи и членство во Обединетите нации, се одржи во организација на МХД – Хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ“ беше заокружено со концертот на препознатливиот далматински мелос на д алматинската машка клапа “Жрновница“, која доаѓа од истоименото место, предградие на Сплит, Хрватска, а е основана од нејзиниот долгогодишен водител, маестро Марко Марин.
Во програмата за одбележување на овој значаен празник за хрватската историја, народниот театар од Сињ ќе ја изведе претставата “Семејна идила“ од М. Ненадовиќ, адаптација и драматизација на Жељко Вицулин. Премиерата на оваа претстава беше минатата година, а по барање на публиката досега е изведена над 20 пати во Хрватска. Народниот аматерски театар од Сињ е основан во 1956 година.
Текст и фото: С. Ристевски