Press "Enter" to skip to content

Менде Граматковски, директор на “Стрежево“ Битола: започна новата сезона за наводнување на земјоделските површини (фото)

-“Стрежево“ од Битола е високо ликвидно претријатие и од сопствени извори вложува во капителни инвестиции, со економска самоодржливост, ликвидност и солвентност.

Моменталната зафатнина на акумулацијата “Стрежево“ изнесува околу 100 милиони m3 вода, што гарантира во­до­­­снабдување на земјоделските по­вршини во Пелагонија, водоснабдување на населението преку ЈКП “Водовод“ и за потребите на РЕК “Битола“.

Денес прес конференција одржа директорот на ЈП “Стрежево“ од Битола, Менде Граматковски, а повод за  средбата со новинарите е запо­чнувањето на новата сезона за наводнување на земјоделските површини во Пелагонија. -Од јуни подготвени  ја започнавме сезоната за наводнување на 20.200 хектари земјоделска површина во Пелагонија а на залиха имаме доволно репроматеријали за тековно одржување на цевководната мрежа. По Главниот канал испорачуваме околу 6 m3 вода,  а со потребната динамика се полнат главните и делничните цевководи. Моменталната зафатнина на акумулацијата “Стрежево“ изнесува околу 100 милиони m3 вода, имаме одличен водостој на акумулацијата што га­ра­­­нтира навремено и квалитетно во­до­­­снабдување на земјоделските по­вршини во Пелагонија, водоснабдување на населението преку ЈКП “Водовод“ на оп­ш­ти­ните Би­тола, Могила и Новаци,  како и покривање на потребите за водоснабдување на РЕК “Битола“ ЗК “Пелагонија“ и локалните инду­­стриски капацитети, рече Граматковски.Директорот Граматковски упати апел за рационално и внимателно користење на водата како ресурс и ги повикуваме земјоделците на обврската да склучат договори за сна­б­ду­вање со вода за наводнување од “Стрежево“ и најави засилени тере­н­ските акти­вности за контрола на површините опфатени со системот за наводнување.

Прес-конференцијата се одржа на терен, во атарот на селата Жабени и Егри, каде во тек е промена на цевководот, за што Граматковски рече:-“Стрежево“ и во овие кризи (здравствена, економска и енергетска) вложува во основната дејност: собирање, акумулирање и испорака на вода односно вложува во цевководната и каналската мрежа. Од инвестициите во водостопанската инфраструктура во изминатите 5 години (2018 – 2022) ги издвојуваме следните: рехабилитација на главни цевководи во Могила, Бистрица, Егри, Жабени и Кременица и делнични цевководи со различен профил на цевки (профил DN 160mm до 800mm), хидромеханичка опрема (затварачи, ударогасители, протокомерачи и слично) и санација на свлечиште на Главен канал кај село Драгарино како и нови цевководи во Лисолај и Породин со што го прошируваме и хидросистемот. Вкупната вредност изнесува 80.546.736 денари, а заменати се дуктилни цевки, профил DN 600 – 800mm, должина 1.360 и ПВЦ цевки, профил DN 160 – 350mm, должина 8.620 метри.­­­ Ивестиции и тековно одржување цевководната мрежа во 2023 година на главните и делничните цевководи опрема на цевки и хидромеханичка опрема и тоа: дуктилни цевки DN 600 – 800 mm, должина 420 м, ПВЦ цевки DN од 160 mm до 350 mm, должина 130м и хидромеханичка опрема во вкупна вредност од околу  17.000.000 денари од сопствени средства.За економското и финансиското работење на претп­ри­ја­тието Граматковски додаде:

Стрежево е високо ликвидно претријатие и од сопствени извори вложува во капителни инвестиции. “Стрежево“ има економска самоодржливост, ликвидност и солвентност,  а  сите по­ка­­­затели ука­жуваат на сериозна финансиска и трошковна дисциплина на компанијата. Претпријатието во целост ги подмирува обврските кон своите вработени по основ на плата и придонеси од плата и редовно исплаќа К-15, према државата по основ на даноци и према  добавувачите. Стрежево нема доспеани обврски. Хидросистемот Стрежево не користел кредити во изминатиот период и нема добиено ни денар грант по било кој основ. Направивме навистина импресивни резултати минатата година, и покрај сите предизвици со кои се соочувавме, на што сме особено горди. Во изминатата година имавме најголеми приходи од основањето на претпријатието а расходите ги намаливме на минимум. Кога ќе ги ставиме на хартија реални приходи и расходи 2022 ја завршивме со биланс на успех од околу 28 милиони денари во позитива.-Доколку небеше пресудата на Апелациониот суд од Битола за спорот со ЗК “Пелагонија“ од 2015 година каде исплативме 76 милиони денари (околу 60 милиони денари главен долг, судски трошоци околу 800 иљади денари и камата од околу 15 милиони денари) билансот на успех ќе беше многу, многу подобар.-“Стрежево“ прераснува во доверлива институција која негува достапност и персонален пристап во соработката со водокорисниците. Остануваме во чекор со времето, како ста­билен, сигурен и безбеден партнер на граѓаните низ призмата на транспарентност, отво­рена комуникација, општествена одговорност и толеранција, градејќи високи профе­си­о­нални стандарди преку висок степен на интегритет и посветеност во работата, рече на крај Граматковски.

More from ВестиMore posts in Вести »