Ученици и родители од завршните одделенија од дел од основните училишта од Битола возеа велосипеди од спортската сала “Боро Чурлевски“ до Зоолошката градина. Потоа во Зоолошката градина низ игра и песна се прослави Светскиот ден на животната средина, 5. јуни, со цел да се промовира концептот на еко-пријателска мобилност преку пригодна програма подготвена од учениците и наставниците, а присутавуваа и родители кои го искажаа своето задоволство од целиот проект.
На крајот од настанот м-р Бојан Стефановски, директорот на НУУБ „Св.Климент Охридски“ од Битола им ги додели наградите на најдобрите учесници на изложбата која беше дел од проектот, а воедно се доделија и благодарници на сите учесници.
Прва награда освоија се Леона Лазаревска, Филип Макаријоски, Мартин Кочанковски и Јована Радевска. Втора награда за: Андреј Бошевски, Христина Ивановска и Анифе Џеловска.Трета награда освоија Мила Дрогишка, Јана Велевска, Томислав Атанасовски и Давид Атанасовски, а наградени беа и менторите: Наташа Настевска, Гордана Јанкуловска, Катерина Солаковска и Наташа Тодоровска.
Настанот беше поддржан од Зоолошката градина – Битола, НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола, Ротари Клуб „Широк Сокак“ – Битола, основните училишта „Даме Груев“, „Трифун Пановски“ и „Ѓорѓи Сугарев“ – Битола. Организатор на настанот е здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“. Проектот е финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност преку Еразмус + програмата на Европската унија.

На денот на животната средина во Битола “Еко-пријателска мобилност“ – фестивал за еко-мобилност
More from ВестиMore posts in Вести »
- Осум денови поезија, музика, филм… заврши “На Кино па Олабај со Манаки ОФФ“ (фотогалерија)
- Прослава на наследството – младите музички битолски таленти ги враќаат традициите
- 5. јубилеј на “Вкусот на Буково“ манифестација која го промовира брендот “буковска пипер“ (фотогалерија)
- Бимилк со поддршка на новите студенти на УКЛО Битола (фото)
- СВР Битола: кривична за битолчанец за “насилство“, напад со дрвен предмет