Центарот за култура од битола ќе распише распише конкурс за монодрамски текст со цел да инспирираат создавање нови (моно)пиеси, со висока уметничкавредност, кои ќе можат да се поставуваат на сцените на нашите театри/но и во други објекти од културата: музеи, библиотеки, образовни институции, а со тоа ќе учествуваме во развитокот на современата драматургија кај нас, стои во сооштението на Центарот во кое за наградите се додава:
-По распишување на анонимен конкурс, професионалното жири да додели, прва, втора и трета награда, кои би биле во паричен износ и да откупи пет други монодрамски текстови, со што,со посебен правилник би бил регулиран конкурсот и авторските права за текстовите, кои би биле испечатени во книгата. Промоцијата на книгата би се одржала за времетраењето на Интернационалниот фестивал на монодрама, а од следната година, Центарот за култура од Битола би се јавил како продуцент на монодрамска театарска претстава, базирана на овие текстови.
Ракописот мора да биде на македонски јазик и неговото кирилско писмо, анонимен со шифра и испратен преку пошта на адреса на НУ Центар за култура 7 000 Битола, со назнака –за монодрамски текст-да се испраќаат по три печатени примероци, а со четвртиот ќе се докажува сопственоста.
Одлуката на жирито ќе биде објавена во текот на месец декември, 2023 година, преку веб страната на НУ Центар за култура, Битола, како и во електронските и печатените медиуми.
Конкурсот ќе биде објавен на 1 јули 2023 и ќе трае до 30 септември 2023 година.