-Балетската претстава “Пепелашка“ на Националната опера и балет, синоќа беше изведена во Битола, а современата бајка за сите возрасти, како порачуваа од Центарот за кулура, навистина не смееше да се пропушти.
Синоќа во Битола, на големата сцена на Центарот за култура, гостуваше современа бајка за возрасни и деца – балет во три слики “Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев, во изведба на Националната опера и балет, како дел од годишната програма на Центар за култура од Битола.
Приказната за “Пепелашка“ во модерна верзија е преточена во прекрасната музика на големиот руски композитор Сергеј Прокофјев, а со кореографија на гостинот од Србија, Александар Илиќ.
Костимографијата е на Катерина Радошевиќ-Галиќ (Хрватска), сценограф е Филип Коруновски, дизајн на звук – Георг Драушник (Хрватска), асистент кореограф: Саша Евтимова и Мојца Мајцен (Словенија).
Настапуваат солистите: Христина Наќевска, Билјана Басмаџиева-Ковачевски, Мирослав Митрашиновиќ, Игор Веланоски, Саша Евтимова, Марија Јосифовска-Ристовска, Цветанка Максимоска, Ангела Богатинова, Ендру Кук, Кристијан Јангос, Драган Кочоски, Гала Кочевска, како и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Современата бајка “Пепелашка“ на Националната опера и балет ја воодушеви публиката во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола сончево и топло со услови за несрабилност, температурата до 29 степени
- Последна шанса за пријава на Мини Трчај бе 2026 – пријавите се затвораат утре напладне
- Чудо во медицината: бремена со тројки на 58 години со ИВФ во болница “Плодност“ Битола
- Нови титули, нови победи, АК Олимп од Битола продолжува со успесите во оваа сезона
- Општина Битола: екипи на ЈКП “Нискоградба“ интервенираат на десетина локации по големиот дожд
More from КултураMore posts in Култура »
- Втора меѓународна конференција „Библиотекарот денес: професија во трансформација“
- Триото „Интерарт“ од Битола со концерт во Македонскиот КИЦ во Загреб
- На иста маса седнаа најмладите и највозрасните раскажувачи: „Синхроницитети“ во Утопија – Битола (фото)
- Училиштен бенд “Трета Смена” од ОУ “Гоце Делчев“ – Битола го освои првото место на меѓународниот музички натпревар
- Матурски концерт кларинетистот Бојан Наумовски од Музичкото од Битола (фото)










