Press "Enter" to skip to content

Патеките маркирани, се делат стартните броеви, старт во 17 часот на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ (фотогалерија)

Се е подготвено за старт на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ кој стартува денес во Битола на платото пред Офицерски дом во Битола, чии организатор е Здружението “PELXTR“ од Битола. Саша Грбиќ, одговорен за патеките и логистика за време на трка истакна дека иако поради врнежливото време подоцна излегоа на терен тие се компетно подготвени.-Размислувањата да додадеме нови патеки и да ја зголемиме километражата и висинската разлика се исполнија и сега имаме подготвени за старт нови патеки, најголгата 15 километри. Исчистени и маркитани се нови патеки на Пелистер на што како екипа  работевме напорно. Исчистиме и поставивме маркации, кои ќе бидат во поголем број од лани, а ќе ги има во голем број, вели Грбиќ.Патеките се захтевни, големата трка од 115 километри има висинска разлика од 7.000 метри, а лани беше 5.300 метри, која треба да биде обезбедена и маркирана.-За ноќниот дел кој е и најтежок ќе имаме повеќе од 400 маркации кои ќе придонесат за безбедност во 4о километри кои треба да се поминат во текот на ноќта. За денскиот дел на трчањето ќе има 900 маркации со знаменца по сите патеки, се со цел натпреварувачите да бидат безбедни во текот на трката, без разлика дали е ноќе или дење, на кратка или ноќна трка, додава Грбиќ.На “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“  ќе има 13 пунктови на кои организатотор ќе им понуди на тркачите храна, вода и електролити, а ќе има мобилни екипи и секако екипа за спасување, која ќе интервенира кога доколку не потребно.

С. Ристески