Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведувања заради напад на полицајци, пријава за физички напад, кривична за користење на поништена возачка дозвола

На 23.06.2023 околу 00.20 часот на ул. “Пеце Матичевски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го  лишиле од слобода 26 годишно лице од Република Албанија затоа што го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 22.06.2023  во СВР  Битола, 58-годишен жител на битолско село пријавил дека бил физички нападнат од неговата невенчана сопруга и нејзиниот брат на возраст од 38 години, при што употребиле и тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

СВР Битола поднесе кривична пријава против 49 годишник од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „употреба на фалсификувана исправа“. На 11.02.2023 на патот Ресен-Прилеп, по случена собраќајна незгода, пријавениот на увид приложил претходно поништена возачка дозвола, односно ја приложил дозволата за која во септември пријавил дека му била изгубена и врз основа на тоа му била издадена нова, а таа била поништена.