Press "Enter" to skip to content

УКЛО Битола, Ротари и Регионална стопанска комора потпишаа трилатерален Меморандум (фотогалерија)

-Трилатерален Меморандум помеѓу УКЛО Битола, Регионалната стопанска комора – Битола и Ротари сојузот е парафиран од потписниците, проф. д-р Игор Неделковски, Мирко Велковски и Раде Христовски.На настанот што се одржа во хотел “Капри“ – Битола покрај раководството на УКЛО, ротаријанци, претставници од Комората присуствуваа значајни личности од општествениот живот на Битола.На чинот на потпишувањате посочено е дека Меморандумот  обезбедува поддршка на развојни проекти за унапредување на едукативна, научна, техничка, апликативна и добротворна соработка помеѓу договорните страни.Ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски по повод пригодата истакна:-Мисијата на УКЛО и Ротари е многу блиска, мотото на Ротари е да и се служи на заедницата, не само себе си. Улогата на Универзитетот е исклучиво да и служи на заедницата, преку едуцирање млади кадри, за  научна работа и аликативна работа. Ова поврзување Сојузот на Ротари ќе даде нова димензија во работата на нашиот Универзитет, бидејќи ќе го прошириме нашето служење кон заедницата, преку заеднички добротворни сервисни проекти заедно со  Ротари клубовите од Македонија и додаде:-Ротари често пати се поврзува со бизнисот, а бизнисот се знае – е здружен во нашата Стопанска комора, нашиот стратешки партнер со кого имаме долгогодишна соработка и  потпишан договор, кој доделува стипендии за нашите студенти и донации. Така, и со учество  на Стопанската комора во овој трилатерален договор, му даваме дополнителна вредност, наше служење кон иднината на заедницата преку едукација  на стиденти, преку Ратори кон  сервисни проекти, а преку Стопанската комора пристап на нашите студен до вашите фирми и претпријатија, и ваш пристап до нашите ресурси, до она што впрочем е единствено моментално битно – обезбедување на иднината преку  задржување на млади луѓе, на едуцирани кадри за развој на Регионот.Со Договорот посебно внимание ќе се посвети на можноста за воспоставување ефикасна и квалитетна комуникација помеѓу Универзитетот, Стопанската комора, односно бизнис заедницата и Сојузот на Ротари Клубовите од Северна Македонија што ќе помогне во напорите за утврдување нови заеднички развојни правци во делот на дуалното образование, истражувањето, иновациите и технолошкиот развој, како и финансиска поддршка за студенти на втор и трет циклус студии на УКЛО.Од УКЛО велат дека за вработените и студентите ќе се овозможи поголемо поврзување  со стопанството и заедничко учество во ротаријански проекти  кои секогаш се во насока на хумани цели.

Почетна