Денес, сабота, 24 јуни, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност. Од пладне и во вечерните часови можност за нестабилност. Температурата во Битола до 30 степени.
Утре, недела, 25 јуни, во Битола времето ќе биде променливо облачно, од пладне нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер. Температурата во Битола до 26 степени.