Пред 10 години, во Битола најдолгото и најбогато со културни настани културно лето во државата и пошироко, “Битфест 2013“ , стартот на 8. по ред фестивал започна со концерт на Раде Шербеџија и неговиот бенд пред три илјади публика на античкиот локалитет Хераклеја, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство, и продолжи:
-Светски познатиот филмски, телевизиски и театарски глумец, најголемиот шармер од овие простори, поет, шансонир и актер со холивудска слава, големиот Раде Шербеџија, ја воодушеви публиката на локалитетот Хераклеја со ексклузивен интимен концерт за битолската публика, придружуван од “Западни колодвор бенд“ од Загреб. Концертот беше со многу љубов и изненадувања, вистинско уживање во музиката на Раде.
Интимната атмосфера беше надополнета со неговите рецитали кои допреа до сите во таа летна ноќ во Хераклеја.
На сцената на Хераклеја Раде Шербеџија го придружуваа петте врвни музичари кои го сочинуваат “Западни колодворни бенд“, меѓу кои е и неговиот син Данило, со кои тој одржа неколку концерти низ Европа и на Балканот.
Раде ги испеа и изрецитира “Не дај се Инес, Барбара“, тогаш новата “Панонске трешње“, а во Битола Раде испеа и неколку македонски песни.

Деновиве пред 10 години: “Бит фест“ во Битола започна со концерт на Раде Шербеџија и неговиот бенд (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: бесплатна мобилна детска градинка за селата во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: трикотажа “Пелистер“ прослави 90 години постоење (фото)
- Денес по петти пат “Зелен Баир“ пошумување кај Кркардаш, “БВ бизнис груп“ обезбеди 500 зимзелени садници (фото)
- Деновиве пред 10 години: на “Денот на дрвото“ засадени двеста илјади садници (фото)
- Општина Битола: зимската приказна и новогодишниот блесок ќе започнат од Старата чаршија
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: викендов 315 санкции за сообраќајни прекршоци
- Во Битола сончево со мала облачност, температурата до 7 степени
- Деновиве пред 10 години: бесплатна мобилна детска градинка за селата во Битола (фото)
- Нова првенствена победа на Пелистер Волеј во Битола, четврта по ред (фотогалерија)
- СВР Битола: ноќеска санкционирани 22 возачи под дејство на алкохол