На 23.06.2023 во 15.35 часот во Полициска станица Битола, Ѓ.М. (73) од Битола пријавил дека во 14.50 часот во близина на бензинска пумпа во Битола бил физички нападнат од 71 годишно лице од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 23.06.2023 во 16.40 часот во Полициска станица Битола, Б.Б.Ј. (27) од Битола пријавила дека во 14.30 часот во Битола била физички нападната од 62-годишната битолчанка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 23.06.2023 во 13.00 часот во Полициска станица Битола било пријавено дека во Битола бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две лица на возраст од 40 и 31 година, двајцата од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 23.06.2023 во 14.45 часот во Полициска станица Битола било пријавено дека во Битола бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу три лица на в0зраст од 74, 65 и 71 година од една страна, и лице на возраст од 44 година од друга страна, сите од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Битола поднесе кривична пријава против 38 годишно лице од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 13.09.2022 во Битола, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.