Press "Enter" to skip to content

Грците му посакаа добредојде, Александар Зарков нов тренер на Неа Јонија – жени

Александар Зарков, сега веќе екс тренерот на Еурофарм Пелистер 2 од Битола од следната сезона ќе го има првиот интернационален предизвик во тренерската кариера, и денес е промовиран како нов тренер на женскиот ракометен клуб Неа Јонија, освојувачот на трофејот во женскиот Куп на Грција и вицешампион на Грција.

Како тренер Зарков беше прво дел од младинските категории во Еурофарм Пелистер, работеше и во ХЈС Работник, а последната сезона беше асистент и прв тренер во Еурофарм Пелистер 2, а по прекомандата на Јович во Еурофарм Пелистер, ја заврши сезоната на негово место.

Како играч по доаѓањето во Битола, во Пелистер настапуваше и за Металург, Металопластика, Дукас и Птолемаида.

Трансферот на Зарков го потврдија и од РК Пелистер Еурофарм заради интернационален предизвик Зарков се одлучи за нов почеток.

-Зарков е жива легенда на нашиот клуб, човек кој како играч освои шест титули шампион на Македонија, а беше дел од стручниот штаб и во седмата титула, освоена во сезоната 2022/23. Во последните неколку години беше дел од стручниот штаб Еурофарм Пелистер 2, а од февруари годинава ја презеде екипата како прв тренер по именувањето на Александар Јовиќ во Еурофарм Пелистер. Вратите на нашиот клуб секогаш ќе бидат отворени за личност и спортист како Александар Зарков. Новиот тренер на Еурофарм Пелистер 2 наскоро ќе биде официјализиран и претставен пред јавноста, напишаа од Еурофарм Пелистер на нивната официјална страница.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »