Press "Enter" to skip to content

Пеколна група за “пелистерци“ ПСЖ, Кил, Киелце… ќе гостуваат во Битола во ЛШ, ППД Загреб прв гостува во Битола

Денес, во просториите на Европската куќа на ракометот во Виена се одржа ждрепката за новата сезона во Лигата на шампионите, а Еурофарм Пелистер од Битола ги доби противниците во групната фаза.

Еурофарм Пелистер во новата сезона во Лигата на шампионите ќе игра во групата “А“, а за противници ќе ги има Киелце, Кил, Алборг, ПИК Сегед, ППД Загреб и Колштад.

Новата сезона во европската ракометна елита започнува кон средината на септември, а завршниот турнир е закажан за 8 и 9 јуни следната година.

ППД Загреб е првиот противник во спортската сала „Боро Чурлевски“, а првото гостување на “пелистерци“ ќе биде во Полска.

Календар за сезона 2023/24 во Лигата на шампионите:

13/14.09.2023 – Еурофарм Пелистер – ППД Загреб
20/21.09.2023 – Киелце – Еурофарм Пелистер
28/29.09.2023 – Еурофарм Пелистер – Кил
11/12.10.2023 – ПСЖ – Еурофарм Пелистер
18/19.10.2023 – Колштад – Еурофарм Пелистер
25/26.10.2023 – Еурофарм Пелистер – ПИК Сегед
15.16.11.2023 – Алборг – Еурофарм Пелистер
22/23.11.2023 – Еурофарм Пелистер – Алборг
29/30.11.2023 – ПИК Сегед – Еурофарм Пелистер

06/07.12.2024 – Еурофарм Пелистер – Колштад
14/15.02.2024 – Еурофарм Пелистер – ПСЖ
21/22.02.2024 – Кил – Еурофарм Пелистер
27/28.02.2024 – Еурофарм Пелистер – Киелце
06/07.03.2024 – ППД Загреб – Еурофарм Пелистер

27-28 март 2024 – осминафинале (прв натпревар)

03-04 април 2024 – осминафинале (втор натпревар)

24-25 април 2024 – четвртфинале (прв натпревар)

01-02 мај 2024 – четвртфинале (втор натпревар)

08-09 јуни 2024 – „фајнап-фор“ турнир во Келн.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »