Press "Enter" to skip to content

Стевче Ѓорѓиевски и ќерка Марија Макри донираат средства за купување на дресови за атлетскиот клуб Олимп од Битола

Ова е фото поздрав од некогашниот ас во македонската и југословенската атлетика, Стевче Ѓорѓиевски и неговата ќерка Марија Макри, кои живеат во Сиднеј, Австралија, а потекнуваат од Битола. Секоја година тие наоѓаат начин да го помогнат атлетскиот клуб Олимп чиј член беше Стевче и го направи своите ѕвездени рекорди, кои со децении никој не можеше да ги сруши. Овој пат тие донираат средства за купување на дресови на новите сили на АК Олимп од Битола.

Да потсетиме… Стевче Ѓоргиевски е роден во 1961 година во Битола. Атлетската кариера ја започна во тогашната АК Олимпија, денешен АК Олимп. А беше и член на репрезентацијата на Југославија. Успеси: југословенски првак во крос, двапати, балкански првак во крос за младинци во Крајова, балкански младински вицешампион на 1.500 м и шампион на 5.000 м во 1980 во Солун, до неодамна и македонски рекордер на 5.000 метри.

Оваа година, како благодарност кон неговата љубов кон клубот, ателтиката и Битола на трката ТРЧАЈ БЕ организаторот планира да воведе нешто што ќе биде во чест на овој добар, хуман и голем атлетичар. ТРЧАЈ БЕ ќе се одржи на 3 септември, по 5 пат.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »