Press "Enter" to skip to content

Александар Јовиќ по жребката: скапо ќе ја “продадеме кожата“, ќе играме со страст и борбеност

Еурофарм Пелистер од Битолаво следната ракометна сезона се враќа во Лигата на шампионите, по освојувањето на шампионска титула, а тоа на Битола ќе и донесе битолчани да гледаат реномирани ракометни екипи и светски ракометари. 
 
Тренерот на Еурофарм Пелистер, Александар Јовиќ по ждрепката за групната фаза на Лигата на шампионите во негов стил изјави:
 
-Ни претстои сезона во која треба да уживаме и гордо и достоинствено да ги претставиме клубот, Битола и Македонија во европската елита. Ние сме во фаза на градење на екипата која ќе игра во Лигата на шампионите и прва мисија ни е да изградиме компетитивен тим. Убеден сум дека со страст, борбеност и квалитет скапо ќе ја продадеме кожата и достоинствено ќе се претставиме.
 
Инаку, на ждрепка во Виена беа извлечени групите за новата сезона, а Еурофарм Пелистер е во “А“ групата зааедно со  а за противници ги доби Киеоце, ПСЖ,  Кил, Алборг, ПИК Сегет и Колштад.
More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »