Фудбалерите на Пелистер во Битола попладнево ја отворија новата фудбалска сезона, со прозивка која ја имаше новиот тренер Влатко Костов и неговиот помошник Вангел Алтупармаков, а потоа го имаа и првиот тренинг. Сашо Петровски ќе биде тренер на голмани и Саше Велјановски како кондиционен тренер. До сега Пелистер има три нови имиња и две приклучувања од младинскиот погон, напаѓачот Симеон Христов, како и Марио Дебрешлиоски и Давид Јошески од Караорман, а од младинскиот тим се приклучени Андреј Силјановски, Габриел Крстевски и Натаниел Димовски.На првиот состанок директорот на Пелистер Ванчо Мицевски го претстави новиот шеф на стручниот штаб, засилувањата, како и планот за подготовки.
-Денес започнуваме со подготовките за новата сезона, а влегуваме со една цел, пласман во Првата фудбалска лига на Македонија. Имаме три нови имиња, а за нас преодниот рок ќе биде допрва, а ќе ангажираме првологашки фудбалери, а дел од овој играчки кадар ќе биде остстапен на Новаци. Во договор со тренерот подготовките ќе бидат во Битола, а ќе се одиграат и пријателски натпревари во Битола и Охрид.
Влатко Костов, 57-годишниот тренер и неговото искуство биде носител на пректот пласман на едно од првите две места и враќање Прва лига, а на неговиот прв работен ден во Битола рече:
-Прво, би сакал да се заблагодарам на луѓето кои одбраа јас да го водам Пелистер и да се бориме за она кое не успеавме минатата сезона. Во Битола минав еден од најубавите периоди во мојот живот, градот го паметам убаво и уште еднаш ќе кажам чест ми е што сум овде. Уште по моето назначување кажав дека уште од првиот ден ќе мислиме како да се вратиме во Првата лига, затоа што се останато е излишно да се зборува. Не треба да се занимаваме со историјата, туку да ја гледаме иднината и самите да си ја зацртаме. Спортска Битола, навивачите, јавноста го очекува тоа, мораме и ние исто да размислуваме, а за тимот кој ќе “брка“ Прва лига додаде:
-Тимот не се промени многу, по моето назначување беа ослободени некои играчи од тука. Имаме и две млади пополнувања, пред да дојдам. Откако дојдов јас направивме да дојде Симеон Христов. Им кажав и на играчите, нема да сум човек кој ќе брза и да прави бројка на играчи, туку барам играчи кои ќе бидат носители на играта и ќе донесат квалитет и разлика. Битола има млади квалитетни играчи, а ние ќе донесеме имиња за кои сметаме дека ќе бидат засилувања и ќе има здрава конкуренција. Во сите линии на тимот ние ќе бараме уште најмалку по еден играч.

Пелистер стартуваше под Тумбекафе во Битола, Костов најави една цел влегување во Прва лига (флотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Денес двојна програма од ракометниот куп, двете екипи Еурофарм Пелистер со лесни победи
- Петар Атанасијевиќ постигнати 32 гола на еден натпревар, а како нов рекордер во Македонија заврши на раце на своите соиграчи
- Пелистер со нова победа во Битола, против Кожув кој до крај не се предаваше (фотогалерија)
- Пелистер го победи Осогово во Битола за крај на есенскиот дел (фотогалерија)
- Пелистер ги награди најверните и најлојални фудбалери од оваа генерација (фотогалерија)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Денес двојна програма од ракометниот куп, двете екипи Еурофарм Пелистер со лесни победи
- Петар Атанасијевиќ постигнати 32 гола на еден натпревар, а како нов рекордер во Македонија заврши на раце на своите соиграчи
- Пелистер со нова победа во Битола, против Кожув кој до крај не се предаваше (фотогалерија)
- Пелистер го победи Осогово во Битола за крај на есенскиот дел (фотогалерија)
- Пелистер ги награди најверните и најлојални фудбалери од оваа генерација (фотогалерија)