Press "Enter" to skip to content

Михаил Петровски нов тренер на Еурофарм Пелистер 2

По заминувањето на Александар Зарков од тренерската позиција на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер 2 од Битола за нов тренер е назначен Михаил Петровски, досегашен тренер на младинската школа,  денес соопптија од клубот од Битола.

39-годишниот Михаил Петровски е долгогодишен ракометар на Пелистер, а во последните неколку години тренер во школата на клубот. Минатата сезона оствари успех со пионерската екипа на клубот, која го освои третото место на завршниот турнир во Скопје. 

Петровски долги години го носеше дресот на нашиот клуб, играше на позицијата десен бек, а еден период беше и капитен на екипата. Покрај за матичниот клуб, Петровски настапуваше и за Констанца, Архус, Балатонфуреди…

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »