Press "Enter" to skip to content

Проф. д-р Моника Марковска нов претседател на Ротари клубот Битола Широк Сокак

Во пријатна атмосфера, во винаријата “Чифлик“, Ротари Клубот Битола Широк Сокак изврши примопредавање на функцијата на претседател на Ротари Клубот. За нов претседател е именувана проф. д-р Моника Марковска, вработена во Факултетот за информатички и комуникациски технологии- Битола и основач е на здружението за социјални иновации “ВР Лаб“  Битола.

Ротаријанската 2022/2023 година помина во реализација на бројни проекти и проектни активности. Ако се направи една ретроспектива на сите активности што беа реализирани изминатата ротаријанска година, не постојат доволно зборови за да се изрази задоволството за направеното од страна на Билјана Врцал Ванчевска, заедно со клубот.

Ротари Клубот Битола Широк Сокак преку своите реализирани проекти покажа уште еднаш дека постои да промовира благосостојба, интегритет, професионални и лидери на заедницата. Во изминатиот период беа реализирани околу 15 проектни активности, проекти, хуманитарни акции и донации, меѓу кои треба да се споменат: „Селектирај често, Битола на прво место, Бизнис форумот и донација во ЗОО- Битола.

И во наредниот период, клубот достојно ќе ја следи филозофијата на несебичното волонтерско служење, филозофија содржана во основното мото: „Служба над сопствените интереси“. Ротари Клубот Широк Сокак Битола активно ќе продолжи со своите активности за реализација на проекти во насока на подобрување на квалитетот на живот на своите сограѓани- истакна проф. Марковска.

Во ротаријанската 2023/2024 година се планира понатамошна реализација на тековните и планираните идни проекти во областите: превенција / разрешување на мирот и конфликти, ревенција и третман на болести, вода и канализација, здравје на мајките и децата, основно образование и писменост, економски и развој на заедницата, Ротари Клубот Широк Сокак Битола, во основа на своето работење ја става соработката за да се постигне целта- заедницата да стане подобро место на живеење. Тоа значи дека членовите, користејќи ги нивните индивидуални вештини заеднички ќе ги реализираат сите планирани проекти, поттикнувајќи високи етички стандарди и промовирајќи интегритет, благосостојба, професионални и лидери на заедницата.

Ротари клубот Битола Широк Сокак е побогат на четворица нови членови кои ќе го вложат своето знаење во насока на позитивни промени во заедницата.

More from ВестиMore posts in Вести »