Хиџамата или терапијата со вендузи во светот и сè повеќе кај нас, многу почитуван и баран третман за кој толку многу се зборува, а сепак неговите придобивки се неисцрпни!
Терапијата со вендузи или хиџама е стар терапевтски метод за елиминирање на нечистата крв и детоксикација на телото. Тоа е терапија која го регулира основниот систем на телото. Како акупунктурата, таа е многу ефикасен и безбеден метод познат во многу култури во светот. Нанесувањето на хиџама ги отвора порите на кожата, предизвикува хиперемија на ткивата, ги проширува крвните садови и го подобрува снабдувањето со крв во третираната област. Специфичните точки на вака претходно избраната телесна регија се сечат со стерилен инструмент и чашите се ставаат под вакуум. Дејството на вакуумот ја отстранува нечистата содржина од крвта, токсините и другите штетни материи од телото. Хиџамата го стимулира периферниот нервен систем, го активира лимфниот и го зајакнува имунолошкиот систем, ги чисти крвните садови, го отстранува отокот, го регулира протокот на крв и лимфа.
Може да се користи во физикална терапија и рехабилитација. Хиџамата е докажана како ефикасна против многу болести и успешно се користи како терапија за: фибромијалгија; болни состојби на ‘рбетот, вратот, рамената и зглобовите; слаба циркулација, несоница, вртоглавица, главоболки; зголемен крвен притисок и маснотии во крвта; траума и спортски повреди; алергија; како и за подобрување на општата состојба на организмот.Може да се направи и превентивно за да се зачува здравјето и виталноста.