-Денес, ова лето Господови, храмот “Св. Троица“ во Битола, осветен на светото тројство, Отецот, Синот и Светиот дух“ кај битолчани попознат како “Руска црква“ го слави и одбележува денот на упокојувањето на Св. Јован Шангајски – Санфранциски, кој во почетокот на минатиот век богослужел во оваа црква.
-Утрово во негова чест во црквата се одржа богослужба, се свети вода, се “крена лепче“ и се подели храна.
-Признанија, во вид на мал подарок, од Црковниот одбор добија Нада Петрович, Благој Симоновски и Јасмина Ѓоргиевска.Голем број битолчани, верници, оние кои редовно доаѓаат во црквата во месноста која го носи истото име, “Руска црква“ и намерници од цела Битола, имаше денес на богослужбата на која се одбележа денот на упокојувањето на Св. Јован Шангајски – Санфранциски, кој во почетокот на минатиот век богослужел во оваа црква.
На Богослужбата се освети вода, се “крена лепче“ за здравје, а се подели и храна за здравје на сите.
Вредните раце на домаќинката Вера Зајакова и сите кои помагаат во одржување на храмот и организирање, се погрижија овој ден да биде се во ред, иако дождот им го расипа планот, сепак се помина во најдобар ред, а како и секогаш “Руска црква“ и денес сјаеше со беспрекорна чистота, а скромната Вера не сака многу да зборува за себе, а таа е една од оние кои го иницираа овој ден да биде ден на Богослужба во “Руска Црква“.
-Денес го славиме упокојувањето на Св. Јован Шангајски кој до 1932 година богослужел во овој храм, кој битолчани го знаат како “Руска црква“. Прво започнавме со вечерна воскересна богослужба, а денес наутро со Божествена литургија. И сами видовте дека имаше голем број присутни верници на Богослужбата и колку голм број верници се причестија со даровите, телото и крвта на нашиот Спасител, Господ Исус Христос. Денес го прославивме и Денот на Светиот Св. Јован Шангајски Битолски Санфранциски, рече Протоереј Ставрофор Никола Грамбозов, кој на проповедта рече:
-Свежи се сеќавањата на битолчани за делото на Св. Јован Шангајски, голем светител, кој богослужел овде во Православното Богословско средно училипте во Битола од 1929 до 1934 година кога во 1934 година е избран за Епископ од Руската задгранична црква и пратен во Шангај. За нас битолчани се важни годините кога бил во нашиот град од 1929 до 1934 година, кога направил духовна ренесанса во животот и на учениците кои биле во Богословија давајќи им знаење и се грижел за нивните секојдневни случувања. Стекнал голема доверба кај учениците на кои им бил духовен отец, а наоѓал и време да ја посети болницата, страдалниците кои лежеле поради тешки болесни кои ги упатувал во делото Божје.
Потоа откако заминал од Битола бил испратен во Кина, Шангај, каде ја консолидирал црковната заедница, а оттаму во 195 година во Западна Европа, во Париз и Брисел, за да се упокои во Америка, во Сан Франциско, во Руската црква, каде ја обновива црквата “Св. Богородица“. На 2 јули, откако отслужил богослужба, со иконата в раце на нашиот Св. Наум Чудотворец го завршува овоземниот живот. По тој повод вчера и денес се одржуваат големи прослави, во САД и тука, велат верниците кои се поклонуваат на одеждата на Св. Јован која се наоѓа во храмот и се чува како реликвија, а пред неа секогаш има свежо свеќе и фотографија од светецот.
-Црковиот одбот додели подароци за Нада Петрович, Благој Симоновски и Јасмина Ѓоргиевска, а Зоран Ставревски, одговорен за оваа црква, за тоа зошто се доделуваат признанијата рече.
-Поводот за доделување мали подароци за нив е поради тоа што се заслужни донатори кои одделија дел ос својот буџет за да донираат во оваа црква, а се работи за поголеми финансики средста, а тоа што се направени во “Руската црква“ додаде:
-Благодарение на верниците доста направивме во оваа црква, нов иконостас на Св. Јован Шангајски комплет со икони, го надградивме со уште една икона стариот иконостас и го преуредивме комплет. Имаме нови свеќници, прекривки, патеки, теписи, а здравје Боже не застануваме тука, продолжуваме, планираме да ја обновиме фасадата на црквата. На битолчани би им порачал да дојдат тука да видат како е, да ја видат црквата, да се започнаат со делото на “Св. Јован Шангајски кој е голем светител, и да се помолат во црквата.
Инаку, дел од петата кој отпаднал се наоѓа во манатирот “Св. Јован Бигорски“.
Текст и фото: Сашо Ристевски