Press "Enter" to skip to content

Четири одбојкарки од Битола во македонската репрезентација до 17 години (фото)

Деновиве во Врњачка Бања, Србија се игра балканскиот шампионат во одбојка, а четири одбојкарки од редовите на Пелистер Волеј од Битола ги бранат боите на македонската репрезентација до 17 години.

На првиот список  на селекторот Александар Митев кој заедно со Стефан Пауновиќ селектор на “А“ репрезентација кои ја предводат нашата селекција на БШ во Врњачка Бања за одбојкарки до 17 години имаше 5 одбојкарки од Битола.

Од редовите на Пелистер Волеј место во националниот тим на Македонија изборија и веќе играат натпревари во Србија, Билјана Јаковлевска (техничар) родена 2007, Ана Ицковска (либеро) родена 2007, Лиле Лозановска (среден блокер) родена 2007 и Марија Димитровска (среден блокер) родена 2008. Сите се членски на “сребрената“ генерација на кадетките на Пелистер Волеј и несомнено заслужи да бидат селекторани во националната селекција.

Филтерот не го помина младата Мила Андоновска родена 2009 година, но секако ова за неа е едно големо искуство и предизвик за во иднина.

More from СпортMore posts in Спорт »