Во текот на изминатата вечер (01/02.07.2023)во периодот од 23 до 5 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.
При контролата санкционирани се 22 возачи.
За време на контролата биле санкционирани и 12 други видови прекршоци.
Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.