Денес, понеделник, 3 јули, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 30 степени. UV=8.
Утре, вторник, 4 јули, во Битола времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне можност за развој на нестабилна облачност проследена со локален пороен дожд. Температурата во Битола до 31 степен. UV=8