Press "Enter" to skip to content

Денес е Свети Наум Охридски – исцелител и просветител на македонскиот народ

-Преподобниот Наум Охридски- Чудотворец има два празника, едниот е во зимскиот период и се празнува на 5 јануари (23 декември по старо), а другиот во летниот период 3 јули (20 јуни по стар календар). Покрај манастирот крај Охридското есезо има црква и во Битола.

Заради тоа што одењето во манастирот било отежнато во зимски услови со одлука на светиот синод е решено празнувањето да се префрли на 3 јули,  а датумот никогаш не се менува.

Празнувањето започнува уште ноќта на 2 јули кога многу верници се упатуваат во црквата “Св. Наум“ во Битола да се помолат и запалат свеќа за здравје. Во дворот на црквата стојат со свеќи или некои чекаа да се качат внатре каде има и верници кои се молат и бдеат цела ноќ за здравје, а болни за исцелување. Се смета дека чудотворните исцелителски моќи на Св. Наум им помогнале на многу луѓе кои верувале.

Имено Св. Наум остана запаметен како чудотворец со моќта да лекува и за време на животот и по смртта, да лекува од најразлични болести и луѓе од различни вероисповести, односно сите што искрено и со верба му се обраќале без разлика на вера и припадност.За животот и дејноста на Св. Наум се знае дека заедно со Св. Климент Охридски се едни од петмината ученици на словенските просветители Св. Кирил и Методиј кои учествувале во Моравската мисија во Рим во 9 век. По смртта на Методиј преку Бугарија дошол во Македонија и брегот на Охридското Езеро го изградил манастирот кој го носи неговото име.

Но, споменот на Св. Наум најповеќе останал во народните преданија и легенди. Во овие прозни народни умотворби народот раскажувал за сето она што го привлекувало неговото внимание, а било во врска со светителот (лекување болни, скротување на зверови, изградба на манастирот, негова заштита). Во преданијата и легендите се раскажува за изборот на местото за лекување на лица од страна на светителот и подарување на имот на манастирот, за подарување н камбани и и други дарови на манастирот од оние на кои им помогнал.

Кога починал свети Наум на Земјата, Господ го одредил да биде во вечен рај, поради големите добродетелства што ги правел. Бидејќи во небесниот рај немало толку убаво место што одговара за Св. Наум Господ со рака му покажал кон неговиот манастир велејќи му: Она е твојот рај. Ти таму ќе бидеш засекогаш!“ Ете зошто свети Наум и сега е во неговиот манастир покрај Охридското Езеро“каде и натаму му помага на оние кои низ молитвите молат да им помогне.