Во основното училиште Елпида Караманди, започна реализацијата на проектот за реконструкција на тоалети за лица со посебни потреби и замена на кровна подконструкција и кровен покривач на објектот, согласно издаденото решение за реконструкција од Општина Битола. Проектот се реализира врз основа на трипартитниот договор помеѓу училиштето, општината и Министерството за образование и наука, со кој се регулираат меѓусебните обврски на договорните страни.Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес изврши увид на почетокот на активностите и со директорката Татјана Дамчевска разговараше за планираната динамика на реализација, како и за тековното и инвестиционо одржување на објектот. Покрај за овој проект, Коњановски и Дамчевска разговараа и за планираниот дневен престој, за кој училиштето треба да создаде услови за работа со почетокот на новата учебна година.

Реконструкција на покривот и тоалетот за лица со посебни потреби во ОУ “Елпида Караманди“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Денес двојна програма од ракометниот куп, двете екипи Еурофарм Пелистер со лесни победи
- Петар Атанасијевиќ постигнати 32 гола на еден натпревар, а како нов рекордер во Македонија заврши на раце на своите соиграчи
- Пелистер со нова победа во Битола, против Кожув кој до крај не се предаваше (фотогалерија)
- Пелистер го победи Осогово во Битола за крај на есенскиот дел (фотогалерија)
- Пелистер ги награди најверните и најлојални фудбалери од оваа генерација (фотогалерија)