Второлигашот Пелистер од Битола денес претстави уште едно засилување за новата сезона во која влегува со една цел, враќање во Првата фудбалска лига, а тоа е искусниот дефанзивец Стефан Костов, кој доажа од редовите на Тиквеш.
Стефан Костов ќе игра на стоперската позиција, а претходно има настапувано за Тиквеш, Академија Пандев, Ренова и Брегалница.
-Веќе подолг период сум во преговори со Пелистер кои конечно се реализираа. Имаме заедничка цел, а тоа е да го вратиме Пелистер во ПМФЛ и среќен сум што ќе можам да дадам придонес и да помогнам во тоа, рече Стефан Костов