Press "Enter" to skip to content

“Стрежево“ Битола  ја подобрува патната инфраструктура која води до рекреативната зона

ЈП “Стрежево“ од Битола денес изврши рехабилитација и санација на главниот пристапен пат во атарот на село Лера кој води до рекреативната зона “Акумулација Стрежево“.Денешната интервенција е реализирана со сопствени средства и градежна механизација,а зафатот подразбираше вршење на подготвителни работи, адаптација на постоечкиот пат, отстранување на ниската и дива вегетација покрај патот, санирање на критичните места каде е оштетена постоечката подлога и поставување на информативни табли.

Со денешните активности се овозможува подобрено, непречено движење на граѓаните и поголема видливост на патот. “Стрежево“ уште еднаш покажа дека е посветено за решавање на проблемите на граѓаните од доменот на своите надлежности и секогаш држи до дадениот збор пред граѓаните.

More from ВестиMore posts in Вести »