Press "Enter" to skip to content

Бранислав Ангеловски нов спортски директор на Еурофарм Пелистер на местото на Димитар Митревски

Нов спортски директор на РК Еурофарм Пелистер од Битола е Бранислав Ангеловски, поранешен ракометар на Пелистер од Битола и легенда на македонскиот ракомет. Ангелевски оваа функција ја извршуваше и во романска Констанца. 46-годишниот Ангеловски со Пелистер го освои шампионатот и Купот, а дел е од најголемите успеси и со македонската репрезентација. Во својата играчка кариера Ангеловски настапуваше и за Пролет, Вардар и Металург во македонската Суперлига, а во странство настапуваше за Загреб (Хрватска), Винтерур (Швајцарија), Тулуз (Франција), Ал-Аин (ОАЕ) и Констанца (Романија).Бранислав Ангеловски доаѓа на местото на спортскиот директор Димитар Митревски кој поради приватни причини се повлече од оваа фиункција во клубот. Под негово раководење клубот се издигна во еден од најдобро организираните спортски клубови во Македонија, посебно по потпишувањето на платформата за ракометна Битола. Со Митревски како прв оперативец клубот освои два Суперкупа на Македонија, една шампионска титула во Суперлигата и редовно игра значајна улога во Европа и СЕХА лигата.

More from ВестиMore posts in Вести »