Синоќа со пригодна свеченост, со сечење на роденденска торта и со огномет нашиот сограѓанин Пеце Стојчевски, заедно со семејството и вработените, и голем број деловни партнери и гости одбележа два големи јубилеи, 30 години од формирањето на компанијата “Прецизион“ и 20 години од отворањето на ресторан “Корзо“ во Битола.Двете компании кои денес претставуваат угостителски бренд за Битола и пошироко, а зад нив стои името на Пеце Стојчевски, човекот кој неуморно се вложува себеси се со цел да им излезе во пресрет на своите сограѓани, деловни соработници, пријатели, кој на синоќешната прослава рече:
-Љубовта кон угостителството ја имам уште од најмала возраст, односно на свои 14 години, после завршувањето на основното училиште. Завршив угостителство во Охрид и од тогаш до денес сум во овој бизнис. Во далечната 1993 година, точно пред 3 децении ја основав фирмата “Прецизион“, односно ресторанот “Дај-дам“ во Старата битолска чаршија. После 10 години го проширив својот бизнис, односно влегов во нов предизвик, го отворив ресторанот “Корзо“. Од руиниран објект, оставен на забот од времето, со многу труд, работа и финансиски влог сега овој ресторан е омилено место за битолчани. Пред 7 години “Прецизион“ го отвора и хотелот “Корзо“, а заедно со моите партнери семејството Вртковски го отворивме и ресторанот “Вавилот“. Најново вложување е “Империјал гарден“, место специјализирано за семејни прослави, каде ќе имаме и нови изненадување.
Стојчевски, додаде дека успехот на неговите бизниси не би можел да биде комплетен доколку не ја имал лојалноста од своите вработени кои дел се со него од самиот почеток, довербата од деловните партнери, и секако од гостите кои се секојдневно кај нив.
-Она што дефинитивно не однесе напред е квалитетот, без разлика дали станува збор за исхрана, услуга или организациски дел. Квалитетот е нешто што го препознаваат сите гости за кој повторно се враќаат. Секојдневно им стоиме на располагање на сите наши редовни гости, гостите кои кај нас ги организираат семејните веселби, на сите намерници кои доаѓаат во нашиот град и свратуваат во ресторанот “Корзо“ и секако да не ги заборавам и сите наши гости иселеници, кои посебно во летниот период, се наши гости. Остануваме и понатаму препознатливи со одлично подготвена храна сервирана со одлична услуга во прекрасен амбиент, рече менаџерот на ресторан “Корзо“, Андреј Јосковски.
Во име на “Прецизион“ и ресторан “Корзо“ сопственикот Пеце Стојчевски на вработените со најголем стаж им додели прогодни подароци, како и на двајца менаџери Марјанчо Труфуновски еден од првите и сегашниот Андреј Јосковски.
Подароци добија куварите Златко Ацевски, Татијана Тасевска, Јагода Стојчевска и Марица Ристевска, а признанија добија најдобрите келнери Ѓоко Иљов, Максим Драгарски, Панде Рапешовски и Горанчо Димовски. Признанија за долгогодишната посветеност и за административната служба, односно за луѓето задолжени за финансиите Зоран Стојчевски и Билјана Илиевска, како и Ицо Јовановски.
Пеце Стојчевски додели и плакети за деловните партнери, за кои рече, дека се важен дел за одржување и развој на компанијата, а тоа се “Слога Пром“ Кавадарци, “Камес“ Кавадарци, “Цермат“ Битола, “Космос Компани“ Битола, “Премиум пиво“ Битола, “Мак Гросер“ Битола, “Процент“ Битола, “Бадо“ Битола, Стопанска Банка АД Битола, Стопанска Банка АД Скопје, Битолски весник, “Графопром“ Битола, Млекара “Вемилк“ Битола и за Винарска Визба Тиквеш.
Благодарници за долгогодишна соработка добија и музичките групи кои се дел од ресторан “Корзо“: “Бон тон“, Гого и Тони, “Деспина“, “Боеми“, “Носталгија Бенд“ со Менде и Јасмина, и Сефедин Бајрамов.
Плакети за долгогодишната соработа добија и порталот Bitolanews, “Тера“ Телевизија и Пеце Втковски од Австралија.
По официјалниот дел, сечењето на роденденскаат торта следуваше и неформално дружење со коктел, подготвен токму од вештите раце на куварите во ресторан “Корзо“.
Гостите како ретко на друго место ги забавуваа најреномираните музички групи од Битола.
С.Ристевски
Фото: Сашо Ристевски и Дамијана Ристевска