Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведување за агесивно однесување, повреден пешак, каснување од куче скитник

На 03.07.2023 полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола на ул. „Филип Втори Македонски“ во Битола лишиле од слобода 25 годишник од Битола. Тој го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои вршеле службени дејства. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 03.07.2023 во СВР Битола И.Ч. (36) од село Трн, битолско, пријави дека на патот помеѓу селата Карамани и Трн неговото малолетно дете било каснато од куче скитник.

На 03.07.2023 во 09.45 часот во СВР Битола пријавено е дека на ул. „Игњат Атанасовски“ во Битола, патничко возило „фолксваген“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 43 годишник  од Битола, удрило во пешак на возраст од 79 години од Битола. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.